СДСМ е последен што треба да збори за катастрофи и виновници за раздвојувањето со Албанија на патот кон ЕУ – коментира аналитичарот Ивор Мицковски откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

Мицковски, некогаш истакнат член на СДСМ и функционер во партијата, смета дека ваквата одлука е последица на брзоплето и неодговорно носење одлуки од страна на владата на СДСМ во годините додека беа на власт.

Криминогените СДСМ и ДУИ презедоа катастрофални обврски по националните интереси на Македонија и обврски кои не беа способни да ги изгласаат и реализираат.
И сега они ќе зборат – кај штетници, кај поразени од народ, кај уште памет делат.
И ова е последица од нивното сервилно, брзоплето и неодговорно носење одлуки- коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.