Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа.

„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.