За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ако посетата на тројцата шефови на дипломатиите е за уставните измени, тогаш тој вели дека ќе се чувствувал навреден.
Тој рече дека е подготвен да разговара со секого но за подобрување на состојбите во земјава.
Инаку, тројцата министри на Австрија, Чешка и Словачка Шаленберг, Липавски и Влаховиќ во Собранието имаа средби со пратениците меѓу кои и со опозициските.
„Ако некој доаѓа овде да разговарам само на тема уставни измени, тогаш навистина ќе бидам разочаран но исто време и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети.Власта година дена се занимаваше со оваа тема, јас таа тема ја затворив јавно“, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.