Премиерот Мицкоски коментирајќи ја посета на македонската делегација на Софија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, повтори дека државава сака да гради добрососедски односи и тука нема дилема.

-Ќе продолжиме да градиме добрососедски односи. Нашето мото е дека туѓото не го сакаме, своето не го даваме, а градењето добрососедски односи е европска вредност и треба така да продолжиме. На работна посета кај мене беше претседателот на Владата на Косово, Албин Курти, во периодот којшто следи договараме и со премиерот на Албанија Рама посета дали во Тирана или во Скопје, договараме со премиерот на Република Србија Вучевиќ посета во Скопје, претпоставувам во периодот којшто следи ќе има слични такви посети и со Мицотакис и со премиерот на Бугарија. Ние се видовме на самитот на НАТО во САД. Нашата цел е да градиме добрососедски односи и така и ќе продолжиме. Имаме наши позиции по однос на нашите интереси. Ние ќе се бориме за нашите интереси како држава и тоа е тука, не треба ништо да биде чудно – кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.