Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја искоментира првата пресуда на Судот за настаните од „27 април“.
Мицоски нагласува дека е јасно оти биле прегазени човековите права и притворот бил злоупотребен.
Оваа пресуда е шамар за власта на СДС ДУИ која ја водеше најбруталната политичка хајка против опозицијата.Не велам дека луѓето од 27 април не употребиле сила, но ако за тоа лежат 200 години затвор, тогаш овие од власта треба да лежат 2000 години. Ќе дојде ден кога сите овие ќе се соочат со правдата. А тие што ги водат овие хајки треба да знаат дека одговорност ќе има, за судиите, за обвинителите, за политичките субјекти кои нарачуваа брутални сценарија и ја газеа правдата и вистината.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.