Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва ги коментираше денешните случувања во Собранието и според него нормално е да се побара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицковски рече дека е срамно тоа што го направи Маричиќ.

– Сексистичкиот настап е неодговорно нешто за вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво.

Ама нормално е и да не даде оставка за да остане да ги ужива привилегиите кои ги дава функцијата. Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно“, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.