Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и на разни академици од различни националности е дека во Македонија има само една Академија на науките и уметностите. Јас не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, туку за инфраструктура, училишта, булевари, паркови – рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата за раната фаза од формирањето на т.н. Албанска академија на науки.

Според премиерот, теми кои што етнизираат и политизираат не се теми на кои што сака да биде соговорник.

Има дел од опозициските партии во Парламентот кои што ќе го покачат или намалат рејтингот ако се разговара на вакви теми. Ние како Влада и јас како премиер остануваме посветени за доброто на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Нема да зборувам за теми кои што полизираат. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат такви буџети во рамките на општините – кажа Мицкоски откако беше објавено дека паралелната Академија најпрвин ќе се финансира од четири општини кои се раководени од функционери на коалицијата ВРЕДИ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.