Денеска е убав ден овде во Неготино почнува изградбата на градскиот пазар, едно преубаво издание, инвестиција вредна повеќе од 24 милиони денари пари кои што се финансирани од буџетот на општина Неготино, истакна премиерот.

Набрзо од денеска преку Министерството за локална самоуправа ќе објавиме повик до општините, да поднесат проекти кои што ќе бидат финансирани од централниот буџет.

Тоа што го добив како информација од градоначалникот веќе имаме некои такви проекти кои што се во фаза на одобрение за градба, значи веднаш може да се отпочне со процес на тендерирање и процес на реализација на тие проекти. И тоа е добро.

Добро е кога се гради, добро е да си ја развиваме државата затоа што тоа го очекуваат граѓаните од нас, тоа го ветувавме, за тоа и се залагавме дека ние чуда не можеме да ветуваме, ниту да се обврземе, чуда се невозможни ,тие кои ветуваа чуда се лажговци.

Ние ветувавме многу работа, чесна работа, посветена работа, напорна работа и тоа го правиме во овие први 50тина дена од оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, така и ќе продолжиме понатаму.

Важно е дека полека но сигурно надежта се враќа, оптимизмот се враќа и тоа е она кое што е наша задача и наша цел како Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.