На власт се седум години, континуирано ја руинираат државата, место да се сокријат и ако имаат барем некаков проект да се пофалат со тоа што го направиле, во недостаток на реални проекти тие отидоа до таму во кампањата да се фалат кој со кого се гушнал. Не би ме изненадило во недостаток на програма и проекти ако наведат дека и ова со гушкањето е некаков проект вреден 90 милиони евра тендери во РЕК Битола. Нормално рокот за завршување е веднаш зошто знаат дека броени им се деновите“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг во Кавадарци.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа за тоа дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски се има откажано од митинзите на Стево Пендаровски.
А, информациите говорат дека во просториите на владата е само Талат Џафери, никој друг. Човекот си вели имам уште некоја недела уживање, зошто потоа е време за пензија. Ковачевски се откажа од митинзите на Стево Пендаровски кому пак поважно му е дали ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи ќе го поддржат во вториот круг. Затоа што друг избор нема. Човекот помина празен мандат, однесувајќи се како коментатор на политичката сцена а не претседател. Без свое јас, без свој идентитет, послушен слуга на партиите кои го донеле на власт, се поклонува пред Али Ахмети, Артан Груби и останатите, а работи против народот кој го гласал да биде таму“, вели Мицкоски.
Тој порача народот на 24 април и 8 мај да му помогне на Стево Пендаровски да се исели од државата.
Гледам вчера вели дека ќе се борел против иселувањето, а тој самиот, ако се сеќавате, во оние малку работи кои ги направи кажа на една прес-конференција, на прашањето што ќе направи со иселувањето, по малку метафорично кажа ако не бил претседател тогаш тој самиот ќе се иселел. Ајде да му помогнеме на 24 април и 8 мај да се исели Стево Пендаровски“, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.