Во последно време, ја слушам тезата која произлегува од кујните на власта, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржело измени на Уставот, ќе го прифателе истото ова што се нуди сега по падот на оваа Влада, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прво, мило ми е што и самите признаваат и очекуваат дека ќе се смени власта, второ, треба да знаат дека сега и било кога потоа, овој или било кој мандат потоа, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас ќе се согласиме на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.