Ние зборувавме за некои бројки во текот на вчерашниот ден, но детално кога ќе го расчлените договорот до овој момент, кога ќе ги соберете обврските кои што произлегуваат од самиот договор, но и пеналите кои што треба да ги платиме поради тоа што се уште работната недела е 40 работни часа а не е 60. А, тоа е така бидејќи законот за работни односи е таков, а тој е таков затоа што Уставниот суд кажа дека е неуставно работната недела да биде 60 часа а не 40 часа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите во колкав обем се обврските на државата кон Бехтел и Енка, која треба да ги гради коридорите 8 и 10Д.
И ако на тоа се додадат обврските кои што се произлезени од договорот за надзор на и супервизија, каде што имаме компанија која што произведува долен веш, а треба да да надзира ваков капитален проект, тогаш ќе дојдеме, верувале или не, до бројката од близу половина милијарда евра, што до овој момент, до денеска се преземени како обврски, а шајка не е закована – истакна Мицкоски.
Инаку, додаде Мицкоски, по основ на обврски кои што се доспеани од самиот договор и пенали доспеани од самиот договор, доаѓаме до бројка од околу 230 до 250 милиони евра заклучно со 30 април, а веќе се исплатени повеќе од седум милијарди и 200 милиони денари, тоа е од прилика некаде околу 117 милиони евра, во средата а се уште шајка не е закована. Се уште никој ништо не видел, еве до овој момент тоа се случува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.