Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија после вчерашната убедлива победа на двојните избори им се заблагодари на македонските граѓани, притоа испраќајќи порака дека државата е повторно во рацете на народот.

Ви благодарам народе! Заедно покажавме дека нема Македонија само на ВМРО, СДСМ или ДУИ, нема десна или лева, источна или западна, има само една Македонија! Народе Македонија станува повторно твоја!, пишува во својата објава на Фејсбук Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.