Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, а победуваме со 170 илјади, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски по победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова во првиот круг од претседателските избори.
Според него, биле потценети од противникот и смета дека е најлошо кога човек ќе го потцениш.
-Покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите се случија. Не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да ја делат Македонија и минатото. Користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме, затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека ова е најдобриот резултат што неговата партија го имала од позиција на опозиција. Според него, „цунамито се крена и им виси на глава“, обраќајки се до партиите од власта.
-Црвениот картон мора да следи на 8 мај. Вечерва има и простор за задоволство, но морам да го споделам и чувството на грижа поради лошите состојби во државата. Свесен сум и треба секој ден што е со мене да испорача брзи резултати. На народот му требаат брзи резултати. Не чека многу работа за да се избориме за живот, наведе тој.
-Подавам рака од сите и ја барам вашата поддршка. И оние кои излегоа и гласаа за власта, сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа не била мој цел, ниту моја политика. Ги почитувам вашите верувања. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите и народот. Е тие ќе одговараат, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.