Луѓето од општинската администрација, градоначалникот на Штип се трудат повеќе од максимално имајќи во предвид каква Влада имаме. Владата на СДСМ и ДУИ наместо да работи, да испорачува и да ги стимулира општините со тоа да ги подобрува условите за живот на граѓаните, тие го прават спротивното и прават опструкции каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Мицкоски укажа на тоа дека од Владата не даваат одобренија за вработувања во оние институции каде има пензионирања, ги одземаат ингеренциите во многу општини каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
„Оваа Влада не вложува мислејќи дека ќе ги направи градоначалниците невешти, дека нема да ги испорачаат ветувањата за време на кампања во 2021 и на тој начин на следните избори довербата наместо на ВМРО-ДОПМНЕ и Коалицијата ќе им ја доверат ним. Тука прават една голема грешка, посебно од СДСМ ги потценувале граѓаните, мислеле дека се со кратко помнење. Така прават и овој пат“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека тоа што ќе им се случи на изборите ќе им биде најголема лекција.
„Тоа што ќе им се случи дента на изборите ќе биде најголемата лекција за политичката партија и оние кои ја управуваат, а тоа е огромна победа што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, посочи Мицкоски.
А за таа победа да биде доволна за сите реформи, додаде Мицкоски, „потребно е сите заедно да застанеме зад ВМРО-ДПМНЕ како никогаш до сега и да се обединиме.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.