Годината ја започнуваме работно тука од Неготино, да направиме една обиколка и да видиме на тоа што е актуелно што се работи, и да направиме план за оваа година, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе планот е направен и оваа година се очекува најголемиот дел од програмата која што беше ветува за време на кампањата во 2021та година за локалните избори да биде исполнета.

Имаме неколку проекти и јас очекувам дека она кое што го зацртавме како план да го реализираме. Во подготовка на овој настан разговаравме и со градоначалникот, дел од тие проекти ја поминаа развојната програма, а дел се планирани во буџетот како капитални инвестиции. Но, дел се и програми кои што се користат од минисерствата, меѓу кои и министерството за животна средина. Така што очекувам пријатни моменти во реализацијата на капиталните проекти овде во Неготоино.

Знаете иако имаше огромна и би рекол прилично предизвикувачка година, тоа беше 2022та со голема енергетска и економска криза, сепак со чесно, посветено работење се надминаа тие предизвици и се очекува реализација на капиталните проекти оваа година.

И нормално очекуваме да биде изборна година она кое што е значајно оваа година 2023та да биде изборна година за да може конечно народот да добие влада онаква каква што бира, а не како што ја бираат во тесен круг на луѓе неколкумина и таков премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.