Ми претставува особено задоволство, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник – Велигден и да им посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици. Нека овој најсветол празник ни биде потсетување како да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни, да се сакаме, да простуваме и да создаваме убави и позитивни дела. Токму овие вредности ќе ни помогнат во градењето на стабилна и просперитетна држава, и да ги надминеме сите предизвици пред кои изминатиот период сме исправени. За Македонија која има иднина потребно е сите заедно да се обединиме и да го сочуваме идентитетот и да не потклекнеме на нереалните барања кои што се поставуваат. Свесни за своето, обединети едни со други можеме да се избориме за промени какви се потребни и за иднина каква секој еден човек заслужува. Само така ќе успееме да го сочуваме достоинството на Република Македонија и нас самите. Само заедно и сложно може да ги победиме сите предизвици. Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна! Навистина воскресна! – се вели во честитаката од Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.