Во периодот што следи граѓаните треба да бидат внимателни, бидејќи секогаш кога ДУИ се фатени во лоповлук, во кражба, во пљачка тие веднаш вртат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања и периодов што следи, вакви провокации ќе има, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Радовиш каде што беше на теренска активност во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, при што беше запрашан за коментар за тврдењата од изминатиот викенд на Али Ахмети во кумановско Сопот за тргањето на границите.

„Колку се тие провокации националистички поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се пљачкаат македонските граѓани. Ќе ве потсетам на ветувањата на Али Ахмети и оние камен темелници, како што е фабриката за електрични автомобили во Тетово, покрај дупката и сега веќе поголемата трева, буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат Македонија поради лошите политики на владата на ДУИ и СДСМ, тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари, тоа народот ќе си го каже за неколку месеци од денеска“, рече Мицкоски.

Мицкоски упати предупредување до македонските граѓани да не наседнуваат и да не подлегнуваат на ваквите националистички провокации кои доаѓаат од ДУИ и Али Ахмети и дека за неколку месеци од дене ќе дојде нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и сето оваа заедно со политичарите кои го предизвикуваат ќе бидат минато, при што ќе следи и одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.