Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска. А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампањата за претседателските и парламентарни избори.
Мицкоски истакна дека коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет заедно со народот испишува историја, посочувајќи дека после локалните избори, очекува и на овие избори заедно со народот да победат и испишат историја.
Ова е континуитет да коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на последните изборни циклуси заедно со народот испишува историја. Така беше на локалните избори во 2021 година,
Мицкоски нагласи дека победата значи одговорност и брзи резултати, додавајќи дека имаат план, енергија, мотив за да реализираат се што ќе ветат.
Ова е одговорност. Свесни сме дека ова е одговорност и народот бара брзи резултати. Имаме план, енергија, мотив. Вие сте нашиот мотив да веднаш после формирањето на новата влада сето она кое што го зборуваме ширум Македонија го реализираме и веднаш се да се почувствуваат брзите резултати. Тоа е нашата цел, рече Мицкоски и додаде:
И тоа ќе биде одговор на многумина кои се обидуваат да бидат аналитичари и да го демотивираат народот во Македонија со тоа што велат дека сите политичари се исти. Јас сакам да кажам дека не само што не сме сите исти, туку ние сме многу поразлични. Не можам јас да бидам ист со Димитар Ковачевски, бидејќи стојам позади Гордана Силјановска. Не може да биде Гордана Силјановска иста со Стево Пендаровски, бидејќи позади Стево Пендаровски стои Али Ахмети. Не сме сите исти. Многу сме различни и затоа овие историски моменти кои се случуваат, оваа масовно обединување кое се случува во Македонија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и народот ќе остане забележано и јас сум убеден дека на 8 мај ќе ставиме точка. Точка на една нова голема историска победа со 61 пратеник во македонскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.