Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките на СДС на програмата 1198, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја презентира програмата со 1198  проекти за граѓаните на Македонија, а СДС освен критики немаат што друго да понудат.  Мицкоски посочи и дел од проектите каде ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на олеснување на работата на компаниите, рамен данок, борба со сивата економија, реформи во УЈП како и ревизија на Фондот за иновации.

„Јас  од СДС сигурно не очекувам и од ова раководство на СДС да излезе и да рече браво ВМРО-ДПМНЕ брилијантна програма имате. Ние вечерта ја презентиравме програмата тие веднаш утрото, претпоставувам седнал некој таму и искуцал соопштение до јавноста полно со критика, со напад кон ВМРО-ДПМНЕ и кон програмата.  Тоа според мене е неодговорно однесување, бидејќи партијата која што нема програма и партијата која што воопшто не претстави програма во јавноста да настапува така.

Јас лично како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој што го бара мандатот од граѓаните излегов и во час и половина дел од тие 1198 програми и политики ги презентирав пред македонската јавноста на еден јавен транспарентен начин можеа сите тоа да го видат и да оценат. Тоа е пристапот кој што мислам дека треба да го имаме ние во јавност- рече Мицскоски и дополни „Истите тие луѓе без срамно излегоа во јавноста со таков напад што за мене е неразумен но во ред, изборите се за нешто повеќе од еден месец, кампањата започнува за една недела од денеска, граѓаните се суверенот пред кои што ние тоа го презентираме и тие се тие кои што треба да судат дали ВМРО-ДПМНЕ имаат добра или лоша програма или СДС има или воопшто нема програма. Така што многу бргу од денес ќе го дознаеме одговорот“,истакна Мицкоски.

Мицкоски кажа и дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на олеснување на работата на компаниите, рамен данок, борба со сивата економија, реформи во УЈП како и ревизија на Фондот за иновации.

„Тие мерки кои што сметаме дека се позитивни ќе бидат дел од програмата на идната влада. Не цениме дека работата на оваа влада на СДС и ДУИ во изминатите 7 години беше добра посебно во делот на економијата. Посебно овде го издвојувам да делот со УЈП, Фондот за иновации каде што се потрошени неколку стотици милиони евра. Ќе видиме каде завршија тие пари и кои се ефектите. Во делот на даночната политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ветуваме предвидлив рамен данок, кои што во даден момент е 10 % исто така предвидуваме и за мултинационални компании кои што ќе консолидираат добивка во Македонија данок до 5 %, данок на добивка. Предвидуваме јасна политика во делот на парафискалните давачки, во делот на царинската политика, регулаторната гиљотиња сето тоа кое што е содржано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека на тој начин ќе го олесниме работењето на компаниите и ќе ја придвижиме економијата напред. Како и резолутна борба со сивата економија“, посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.