Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја поздрави иницијативата на Бундестагот, кој синоќа донесе резолуција со која се потврдува македонскиот јазик и идентитет и рече дека очекува такви резолуции и од други стратешки партнери. Тој повтори дека со актуелните услови преговорите за влез на Македонија во Европската унија би се воделе под бугарски диктат.
Очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следува, но тоа не е ни пет проценти од она што овој народ го заслужува, а овој народ заслужува фер шанса каква што имале сите народи што пристапуваат кон ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет, изјави Мицкоски.
Изјавата на Мицкоски беше проследена од СДСМ. Во партиската реакција СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ прави само блокади на европските интеграции.
За жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција. ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против Резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност, изјави пратеникот Дарко Каевски од СДСМ.
За резолуцијата во германскиот парламет гласаа сите владејачки партии, а беа против опозициските, меѓу кои и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од германските пратеници, од партијата на Ангела Меркел, рекоа дека не треба да се носат врезолуции посебно за секоја држава, туку да се однесува на европската иднина на целиот Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.