Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посета на Битолско, порача дека почетокот на решението е да падне оваа влада која донесе толку многу порази, обезличувања и неуспеси.

Мицкоски истакна дека мора да има промени за работите да се менуваат од корен, за да се зацврснат разнишаните темели.  Тој додава дека крајот на злоупотребите на власта ќе значи нов почеток за сите граѓани.

Решението за крајот на поразите е во новата влада која ќе му припаѓа на народот, која ќе постави црвени линии за сите прашања важни за нашата Македонија. Која ќе има јасна позиција за што може, а што не може да се преговара. Влада која нема да биде уцената, која нема да донесе хипотеки кои потоа ќе создаваат обврски, порачува Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.