Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е една заедничка татковина за сите и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на нашите сограѓани. Меѓуетничките односи се столб на нашето заедничко општество.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека 23 години се доволна временска дистанца на работите да се погледне со доза на објективност и да се говори за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред нас.

Тоа што сме различни по етничка можеби и по верска припадност, не не прави различни по потребите и приоритети, а главна потреба и приоритет на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто тоа е така и кои се мотивите, кажа Мицкоски.

Според него, многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кареиери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдевието, како и сите останати граѓани е се потежок и понесреќен.

За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозиција смислуваат критики и креативни решенија на негово надополнување, но и различно читање на правата и обврските кои произлегуваат од него. Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓудругото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има од сите страни. Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваа на ова, колку што беа предадени и фокусирани кон личните интереси, бизниси и тендери. Ова го користат како платформа за себепромоција, градење на кариери и бизнис коалиции, потенцира премиерот Мицкоски. Тие наместо градители на меѓуетничките однсои стануваа профитери од истоте тие прашања и кога зборуваат за еропските вреднбости, знаете дека тогаш ги кршат највеќе. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот, праша Мицкоски.

Според него, вистинското прашање колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани.

Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци,  ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми. Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме или колку често ќе зборите за етнички теми или дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решите на терен и како ќе го подобрите животот. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партиите кои сега се опозиција. Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посвети на борбата да се постави за подобар живот, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија за себе да градат дворци хациенти, да купуваат трговски центри, да се злоупотребува што се може да се злоупотреби, вели Мицкоски.

Тој подвлeче дека патриотизам денес е кога ќе се донесат за еден месец три нови инвестиции и повеќе од половина милијарда евра за нашите сограѓани, и тука нема, вели, етничка припадност ниту верска ни политичка, кога ќе исплатат повеќе од една милијарда денари од буџетот заборавени субвенции за нашите земјоделци, кога ќе обезбедиме 350 милиони денари за вработените  во водостопанство и обезбеди плата за Mакедонски шуми, обзебездување инвестиции за сите општини каде има градоначланици и од власта и од опозицијата и независни. Ова, рече, е важно затоа што болката на семејствата кога си одат нивните најблиски од државата е голема и ние мора да создаваме услови да остануваат нашите сограѓани тука. Тоа се современите и модерни патриоти кои оваа болка и оваа солза ќе ја намалат, односно таа нема да постои, потенцира Мицкоски.

Изминативе 20 години од некои експерти добивам информации дека повеќе од 100 илјади Албанци се иселени од државата. Ако на тие додадете и 100 – тици илјади други наши сограѓани тогаш ќе дојдете до дефиницијата што се случуваше во изминатите 20 и повеќе години. Од оптимизот во раните 90-ти години ние денеска за жал полека нио зигфирно се претворивме во земја каде граѓаните се разочарани од политичките елити. Нашата Влада и генерација има можност тоа чувство да го измени и сета болка и фрустрација кај нашите сограѓани без разлика на етничката верска припадност. Да се обединиме околу темите и прашањата кои се заеднички и кои обединуваат. Гордоста и среќата е заедничка категорија за сите, нагласи премиерот.

Ова  е, рече, наша заедничка татковина, на сите нас и дом кој заедно треба да го градиме, да работиме на довербата едни кон други и сигурен сум дека ќе успееме да направиме повеќе за секој еден човек, подвлекувајќи го значењето на меѓуетничките односи.

Меѓуетничките односи се столб на нашето заедничко општество. Тие не се само правни обврски или политички договори, тие се жив процес кој постојано бара наша посветеност и ангажираност. Влогот во добрите меѓуетнички односи никогаш нема крај. Тоа е како возење велосипед, ако престанете велосипедот ќе застане и патникот ќе падне. За да продолжиме напред, мораме да продолжиме да ги градиме и зајакнуваме тие односи, секој ден, без прекин. Ова е задача за сите нас. Како што рече Мартин Лутер Кинг: „Неправдата на кое било место е закана за правдата насекаде.“ Ова ни напоменува дека правдата и мирот не можат да бидат остварени само со договори на хартија, туку преку нашата постојана работа за правата и достинството на сите луѓе. Нашата постојана работа за правата и достоинството на сите луѓе. Бог да ја благослови Македонија, рече премиерот Мицкоски повикувајќи заеднички да се фокусираме на иднината.

На седницата се обрати и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, кој меѓу другото потенцира дека оваа Влада покажува дека е посветена на унапредување на животот на граѓаните во сите општини со најавата за инвестирање една милијарда евра, како и на фискалната децентрализација која е, вели, дел од Рамковниот договор со што ќе се решат многу есенцијални потреби на локалните самоуправи.

Оваа Влада има добра волја за децентрализацијата, но не треба да остане само на зборови бидејќи може да дојде друга влада која нема да има такви приоритети. Затоа ние треба да направиме системско решение, да имаме финансии и буџет бидејќи тоа е отворање на вратата за граѓанинот. Во минатото ова се заборави што беше многу значаен дел од Договорот и се помеша со други работи и непотребни настани. Ова е добар почеток на добро владеење со цел да имаме праведна држава, без корупција, и развивање на стандардот на сите граѓани, порача Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.