Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со тим од партијата остварија средба со директорот на НДИ за Македонија Роберт Скот Хајзлет.

-Особено сме горди што денес ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка со што уште еднаш ја потврдивме меѓусебната соработка.

На средбата беше разговарано за програмата на НДИ „Победи со интегритет“ која во идниот период заеднички ќе ја реализираме.

Воедно, упативме благодарност за одличната соработка која ВМРО-ДПМНЕ ја има со Националниот Демократски Институт, како и за доприносот кој Институтот го дава за унапредување на демократијата во Македонија, информираат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.