Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ истакна дека подава рака кон СДСМ за дијалог за сите крупни прашања за државата.
Тие од мене, како претседател на партија која посакува и работи за македонско национално единство имаат подадена рака за дијалог за сите крупни прашања за државата и од важност на граѓаните – посочи Мицкоски.
Претседателот Мицкоски повика на македонско национално единство за сите важни прашања за државата, но истакна дека тоа никако не треба да е разбрано за амнестирање од одговорноста за криминалите.
Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија – дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.