Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на поставување на камен-темелник на нова спортска сала во Општината Петровец.
Честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина. Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме, изјави премиерот Мицкоски.
Според Мицкоски, разликата е евидентна, за нешто помалку од два месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност.
Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.