Денеска продолжи акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените, акција која што ВМРО-ДПМНЕ ја почна пред десетина дена.

Во рамките на посетата на Босилево, Мицкоски на својот Фејсбик профил објави дека после 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри.

После 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри.
Ова е трет ваков канал во општината.
Жителите на Босилово заслужуваат квалитетен живот.
Затоа се обврзуваме на неколку големи капитални проекти преку централната власт како реконструкција на дел на водоводниот систем на населените места Иловица и Штука. Исто така и нови проекти за изградба на фекална канализација со пречистителна станица за населените места Моноспитово и Босилово, нов водоснабдителен систем во населеното место Дрвош, како и изградба на локален пат за поврзување на населените места Секирник и Штука.
Важно е помалите општини да добијат рамномерен развој.
Важно е граѓаните да добијат квалитетен живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.