Овие избори се и шанса за избор на Претседател каков Македонија вистински заслужува. Овој што сега го имаме е човек кој за себе вели дека доколку не е претседател сам ќе си заминел од државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање пред присутните на митингот во Неготино во рамките на изборната кампања за избор на претседател на Македонија.
Мицкоски посочи дека се уште актуелниот претседател, Стево Пендаровски ќе остане запаметен по тоа што, тој е коментатор кој коментира состојби кои се случиле, а никако да преземе нешто за да ги промени околностите.
Треба да се засрами затоа што покрај тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и му потпишуваше закони, освен што е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус, одозгора дели лекции по историја. Не беше одамна кога кажа дека Гоце Делчев се осеќал бугарин. А сега ни кажува за иднината како човекот да не е во политика, да не е претседател, како одново да се измислува себе си, како да има подвоеност“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека затоа сосема е погрешно неговото удирање во гради кога вели дека го зачувал јазикот, го одбранил идентитетот.
Тоа подразбира, браќа и сестри, дека тој јавно признава дека истите тие, и јазикот и идентитетот биле нападнати, нешто што го премолчуваа тогаш кога не убедуваа дека францускиот предлог и претходно бугарскиот договор се најпрекрасни и најдобри на целиот свет. Како го зачувал идентитетот кога самиот напаѓа и измислува дека Гоце Делчев бил Бугарин? Ништо не зачувал Стево, ниту идентитет, ниту пак јазик“, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.