Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека оваа Влада не ги дели граѓаните, работи за сите и дели проекти за Штип, Кочани Велес, дели проекти и за Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково, Желино, Врапчиште, Боговиње кои ги решаваат реалните потреби на граѓаните, водоводи, патишта, канализации, училишта.

Коридорот 8 ако кажам дека овие од Европско знаеја само евра во џебот, а не мрднаа ништо мораше да дојде оваа Влада за да отвори фронт да се гради коридорот, требаше да се решат имотно правни односи, да се отвори траса за да работат а да не чекаат со скрстени раце. Тоа што се направи за три месеци е три пати повеќе од претходната Влада за две години“, посочи Мицкоски и додаде дека претходната влада ништо не направи и за патот до Блаце освен што купија парцели да добијат 20 пати повисоки цени од експропријација.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Елми Азири кој обвини за немање легитимитет, му порача дека оваа влада има легитимитет и тоа од скоро две третини.

Демократијата познава мнозинство во Парламентот, ова мнозинство има речиси две третини, за да се избере влада потребно е 61 пратеник, никаде во Устав не пишува тоа што го кажувате и манипулирате. 22 години опустошија што може да опустошат, додека ѕидаа дворци и хациенди вие бевте во опозиција, додека тие купуваа трговски центри, Мајбах автомобили Ролс Ројс, местеа тендери за јаглен вие бевте во опозиција. Си имаат своја матрица и политика, дури и во извештајот на ЕК се констатира напредок во меѓуетничките односи, дајте да зборуваме конструктивно граѓаните да се вратат назад“, нагласи Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача дека треба да се свртиме на реалните проблеми, како да направиме економска реформа на Тетово, Струмица, Штип, Битола, Прилеп, да го зајакнеме капацитетот на Тетовскиот Универзитет, на Мајка Тереза, да ги изградиме Финки, Факултетот за физика култура, а и покрај Коридор 8 да го направиме и Коридор 10.

Треба да живееме со реалните проблеми, како дома да се однесе леб, како да се постави трпеза, доаѓаат празници кога сите треба да сме сплотени и обединети. Распределивме во сите општини и не мериме со кантар колку Македонци или Албанци ќе ја газат, ќе ја газат сите, ќе имаат улица, а до вчера имале кал. Вода немале во 21 век, сега ќе имаат вода. Тоа е суштината на функционирање на оваа Влада, можеме да бараме точки кои не раздвојуваат, но суштината е да најдеме што не сплотува да работиме за граѓаните без разлика на нивна етничка, верска или политичка припадност“, порача премиерот Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.