Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Мицкоски денеска од Радовиш во „Важно е! Од тебе зависат промените“, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека со оваа влада на СДС и ДУИ не може да се очекува правна разрешница за аферата „Диво место“ во Онкологија, но како што посочи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера виновниците да ги изнесе пред лицето на правдата.
– Со оваа влада не очекувам, бидејќи многу факти беа кажани, многу докази беа изнесени на работата на Анкетната комисија во рамки на Собранието. Најмалку што требаше обвинителството да ги повика да дадат исказ по допрен глас, но како што може да видите тоа не се случува, изјави Мицкоски.
Мицкоски изрази жалење што ни тоа обвинителството не го направи и посочи дека навистина се очекуваше повеќе човечност од страна на владата на СДС и ДУИ и органите на истрагата.
– Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера сериозно да се пресмета со оваа Канцер мафија и сите виновници да ги изведе пред лицето на правдата, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.