Дозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед.

 

Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден.

 

Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли.

 

Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.