Најпрво ќе ми дозволите на сите православни христијани, на сите оние кои што денеска го слават овој голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица да им го честитам и да им посакам здравје, среќа, успех на нив и на нивните семејства, рече денеска во изјава за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Исто така ќе ми дозволите и на сите граѓани во Македонија да им посакам бериќет и да живееме во една Македонија во онаква во каква што сакаме да живееме. Држава во која што се помалку ќе има порази, а се повеќе ќе има победи. Држава во која што луѓето ќе се среќни, а не за жал како сега што се несреќни.
Така што на овој голем христијански празник, уште еднаш на сите граѓани кои го слават да им го честитам празникот, да има ја честитам славата и да им посакам успех, здравје и среќа на нив и нивните семејства, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.