Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешната лидерска средба одговарајќи на новинарско прашање истакна дека уставни измени нема да има се додека не постои јасен европски пат за Македонија и додека Бугарија не се откаже од хегемонистичките политики.

Јас не се шегувам со тоа што го кажувам како наша позиција, бидејќи вчера политичар на заминување имаше интервју на на циоинален медиум и кажа дека е сигурен и тврди дека ќе има уставни измени сега или за 6 месеци. Еве јас ќе ви кажам дека уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат и додека не видиме јасно поместување на хегемонистичките и асимилаторски политики на нашиот источен сосед кон македонската заедница во Бугарија, рече Мицкоски.

Мицкоски исто така потенцираше дека за неколку месеци од денеска многумина политичари ќе бидат минато меѓу кои и тој кој тврдеше дека ќе има уставни измени, и појасни дека техничката влада не предмет на лидерската средба, а не се ни уставни измени.

Предмет на оваа средба е датум за парламентарните и претседателските избори, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.