Мене ми претставува чест и задоволство што на самиот почеток на овој преубав настан каде што, како што кажа и градоначалникот, очекуваме голема потрошувачка на штипскиот специјалитет надалеку познат, штипската пастрмајлија, изјави за медиумите претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
Очекувам граѓаните да си поминат убаво. Сите оние коишто овој викенд имаат дилема како да го поминат, еве ги поканувам овде во Штип на уживање во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија, на многу убава музика и се надевам дека ќе остане ова како една традиција и во годините коишто следат. Меѓу другото, денеска сме и на еден преубав настан, ова што денеска преставува шеталиште, еден проект којшто е финансиран целосно од страна на Општина Штип. Но, исто така, и градоначалникот, го најави проектот којшто ќе биде финансиран од централната Влада, тоа е обиколницата. Проект којшто во оваа фаза ќе биде со вредност нешто помала од 2 милиони евра, но затоа во почетокот од следната година повторно планираме сериозни инвестиции во општините и повторно ќе има јавен повик преку Министерството за локална самоуправа и тука очекувам дополнителни проекти за штипјани, коишто ќе произлезат од страна на Општината, а знам дека и градоначалникот и советниците и администрацијата и пратениците од овде од Штип работат многу, работат заеднички и знам дека такви проекти веќе се подготвени и чекаат практично на реализација – истакна Мицкоски.
Така што, уште еднаш еве посакувам успешен настан овој викенд и посакувам да тие коишто ќе дојдат овдека во Штип навистина се забавуваат и си поминат убав викенд, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.