Башиноселскиот мост на еден од влезовите за Велес, но и за општина Чашка е во очајна состојба и претставува опасност за тие кои се движат по него. И покрај ветувањата од централната власт во чија надлежност е, работите седат во место, а Владата и надлежните институции не преземаат ништо, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Истакнува дека веднаш по смена на власта во најбрз можен рок ќе се почне изградба на нов мост со што велешани и жителите на Башино село ќе добијат безбедна комуникација, а бизнисот ново поврзување и можности.
Воедно ќе се заврши и изградбата на нова обиколица започната уште пред повеќе од 15 години. Така Велес ќе добие нов приклучок, нови шанси за напредок, истакнува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.