Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, високиот степен на корупција во Македонија како и евроинтеграциските процеси на Македонија во однос на спорот со Бугарија.

Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифати уставни измени под овие околности и под бугарски диктат.

Воедно, се истакна меѓусебна благодарност за добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се соглсивме дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина врз база на рамноправност, принципи и вистински вредности, информираат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.