Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со членот на ИК и портпарол Марија Митева, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и шефот на кабинет Владимир Нелоски оствари средба со директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) за Македонија Крис Бренан, се вели во партиското соопштение испратено од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е наш партнер кој долг временски период придонесува за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ преку најразлични програми особено во делот на младинското учество, јакнење и унапредување на активната транспарентноста на партијата и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од опозициската партија.
Соговорниците се согласија дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се потврди заложбата од двете страни дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина за поинтензивна соработка, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.