Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Македонија, Даниел Браун.
На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Мицкоски потенцирал дека во Македонија, власта е извор на високата корупција и криминал, практично да нема ден во кој не излегува афера поврзана со лица од власта.
Воедно, Мицкоски укажал на катастрофалната економска состојба во државата, огромната сиромаштија која постојано расте, како и на тоа дека актуелната власт не е способна да се справи со кризата, туку напротив нејзините политики ја продлабочуваат кризата, а за истото сведочи и последниот извештај на Светската банка за земјава.
На средбата е истакната одличната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и КАС, при што бил посочен големиот придонес што Фондацијата го дава преку бројните обуки и помош за партијата како и тоа дека соработката продолжува и понатаму.
Воедно била нагласена и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.