„Тоа за мене е затворена тема, и многупати сум го кажал мојот став и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Во овој парламентарен состав и под овие услови, под бугарски диктат уставни измени ќе нема“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за уставни измени дали ќе има во овој парламентарен состав.
Мицкоски нагласи дека власта треба да знае во овој парламентарен состав, под овие услови и под бугарски диктат уставни измени нема да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.