Македонија минувала низ тешки премрежја, била низ крстопати. Над нејзе се надвиснувале тешки предизвици. И не сакам да звучи на некакво предизборно клише, но овој пат Македонија минува можеби низ најтешкото време од своето создавање до денес. Не сме на крстопат, туку овој пат без сомнение државата е веќе влезена во погрешен правец, и мораме да ја вратиме назад, да му припадне на народот и да застане на правиот пат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.
И сосема и нормално и јас сум навистина свесен дека очите се вперени кон ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што единствената вистинска сила за промени, единствена надеж во очите на народот дека нешто може да се поправи е токму оваа политичка структура. И ние го немаме луксузот, ние го немаме изборот да не бидеме амбициозни, затоа што во спротивно Македонија нема да ја биде. А мора да не биде, затоа што Македонија пропушти многу сите овие години. Многу животи на многу луѓе се потрошија на чекање да дојде подоброто време во кое сите верувавме и за кое сите се надевавме. Македонија е заглавена во чекалницата и го живее матриксот на постојано разочарување и грда реалност, која станува веќе навика – рече тој.
Мицкоски посочи дека многу работи кои се случија овие триесетина години независност придонесоа луѓето да станат незаинтересирани за важните работи и процеси во Македонија.
Таквата незаинтересираност и кревање раце од работите им е добредојдена на сите оние политички елити клики кои всушност се потпросечни медиокритети кои се наоѓаат да одлучуваат за судбините на сите нас. Таквите убијци на надежта на луѓето всушност се хранат и печалат од потргнувањето настрана на сите паметни луѓе кои соочени со бројните проблеми, разочарани од милионите пропусти на системот, обесхрабрени и навредени од примитвноста со која им се настапува од власта, решаваат да дигнат раце и се откажат од својот сон, од својот идеал и или заминуваат од државата или се потполно незаинтересирани за важните работи. Но мора да си признаеме нешто, а тоа е дека лошите политичари ги носат луѓето кои всушност не гласаат, се пасивизираат и креваат раце од работите. Но работите до таму да овој пат никој го нема правото да им се потргне настрана на тие од власта, да ги остави да продолжат со својот децениски криминал и ситно и бездушно разграбување на Македонија. Да потсетам дека државата не е само наша припадност, туку и наше наследство, кое многу генерации претходно скапо го платија и да бидеме свесни дека секоја педа македонска земја е натопена со многу страдања, борби и крв. Не е ова само наша своевина туку и наследство и слобода кон која се обврзуваме – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски порача дека дојде моментот и часот кога време е сите заедно да ги промениме работите.
Мора да не биде, затоа што овие избори се вистински последниот час да победат пристојните луѓе, да победи разумот во Македонија и да им кажеме на сите дека има надеж и ние сме оваа надеж и сила и структура која овој пат има озбилна навреда да ја обнови Македонија. И затоа велам, не може да не бидеме амбициозни и го немам просторот да не се стремиме и да не се бориме кон повисоки цели и вредности – посочи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.