Луѓето денес си одат затоа што партиски се бираат обвинители, затоа што има граѓани од прв ред, од втор ред, многу празни места па сите останати, прво се ДУИ, па СДСМ, многу места па сите останати. Луѓе си одат затоа што чувствуваат дека нема правда, се чувствуваат обесправени. Луѓе си одат затоа што уште им е во сеќавање билбордот за референдумот – бесплатно здравство, европско образование, уште им е тоа во сеќавање на луѓето, затоа што сме ги лажеле луѓето, затоа луѓето си одат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека луѓето си одат од земјава бидејќи се чувствуваат изманипулирано и излажано.
32 години ги лажеме, затоа што Македонија кога во 90-тата стануваше држава која што се бори за независност, па станува независна итн. постоеше оптимизам дека конечно сме свои на своето, дека нема да одговараме пред други центри, дека ние Македонците конечно заедно со останатите наши сограѓани добивме своја независна држава во срцето на Балканот. Денеска повеќе од три децении од тогаш ако ги прашате луѓето зошто си одат, затоа што чувствуваат дека немаат перспектива, затоа што се лажени, крадени, тоа е проблемот“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека на разочарувањето на граѓаните ќе се стави крај, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.