На лозарите од Тиквешијата им посакувам добар, квалитетен и богат род, тие се најзаслужни што Македонија може да се пофали со квалитетно производство на грозје и вино, рече денеска Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ кој беше во посета на Кавадарци.

14 февруари е голем ден за кавадарчани, за луѓето од Тиквешијата, денеска се прославува големиот празник, пресветиот великомаченик Трифун.

Да посакаме богат и квалитетен род. Земјоделците односно луѓето се најзаслужни што Македонија може да се пофали со вака квалитетно производство на грозје, на вино, да добијат заслужена цена за тоа што ќе го сработат и за тоа што ќе го продадат. А како што еве веќе вие споменавте субвенциите да бидат само како би кажал додадената вредност на сето тоа. Апел и до откупувачите да ги поддржат земјоделците, да ги поддржат лозарите, да ја почитуваат маката кое што тие ја вложуваат за да може денеска Тиквешијата да биде еден од најбогатите со грозја вина региони на Балканот, а зошто да не така да биде во Европа во иднина. Би сакал да им го честитам овој голем ден на лозарите и да посакам добар, богат и квалитетен род, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.