Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето, објави на цосијалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.
-Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата.
Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема.
Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда – борбата против корупцијата.
Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.
Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.
Доаѓа време на правда.
Само така државата ќе направи повеќе за народот.
Правдата доаѓа!
За тебе!, пишува премиерот Мицкоски во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.