Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани, Општина Бутел.
Како што се наведува во соопштението од владината прес – служба, надградбата ќе го реши проблемот со недостатокот на училници. Новиот објект ќе се протега на околу 400м2 и ќе има нови четири училници.
– Проектот се реализира во соработка и со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Реализацијата на овој проект е во вредност од 30.662.875 денари без ДДВ или 36.182.193 денари со ДДВ, соопшти владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.