При денешната посета на општина Велес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ЕУ замери за злоупотребата на европското знаменце и ставањето на законите на брза трака а власта продолжува со постапките и дали се планира некој чекор на тој план истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе  упатат допис до сите институции не само во Македонија и до амбасадите во Македонија на земјите членки на ЕУ, туку и до самата европска комисија, до претседателката, и до оние кои што се задолжени да промовираат европски вредности.

„Да, јас чекам реакција од страна на канцеларијата на европската комисија овде во Македонија, очекувам реакција на амбасадорите кои што се земји членки на ЕУ, на државите кои што се земји членки на ЕУ, некаква реакција, до овој момент нема никаква реакција. Очигледно дека тие се злоупотребени во овој процес или јас барем така сакам да верувам. Но доколку остане тишина, односно доколку остане без реакција, тогаш основано можеме да се сомневаме дека станува збор за нешто друго. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија силно ќе се спротивстави, иако процесот на носење на овие закони онаков каков што е замислен во рамките на парламентот е на брза трака, бидејќи токму таа е и намерата на злоупотребата на ова европско знаменце, но ние нашите аргументи ќе ги кажеме таму за да може јавноста да ги слушне и силно ќе се бориме да тие аргументи практично преовладаат за време на таа дебата, но истовремено како политичка партија и пратеничка група ќе упатиме допис до сите институции не само во Македонија до амбасадите во Македонија земјите членки на ЕУ, туку и до самата европска комисија, до претседателката до оние кои што се задолжени да промовираат европски вредности, а овде во Македонија како земја кандидат гледаме на отворена сцена како се кршат тие вредности. Наше е да ги предупредиме. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се бориме против цела Европа и европска комисија, не можеме да се бориме против криминална власт и политичари кои што се дел од оваа коалиција на СДСМ поддржана од помалиот партнер ДУИ но треба да направиме се што е во наша моќ за да укажеме на јасното кршење на законите, уставот и процедурите во Македонија и да упатиме со јасни факти на криминалниот карактер на овој тендер кој што има за цел да отпочне со изработка на делови од коридорите 8 и 10Д. Проект кој што започна со трошење на неколку стотици милиони евра народни пари за пенали и аванси а гледате вие дека ниту лопата е фрлена, ниту пак шајка е закована“, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.