Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем.

Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. Се предлага Советот да има можност да поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка.

Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.