Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Неготино запрашан како го коментира таканаречениот план на СДС, за предвремени избори посочи дека тоа се случувања кои се случуваат во СДСМ, а него како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го интересираат предвремени парламентарни избори за да може на Македонија и на граѓаните да им тргне напред.
-Јас нема да коментирам случувања во СДСМ и во другите политички партии. Имам еден принцип кој што го задржувам секогаш во начинот на моето политичко функционирање, а тоа е дека не треба да им го правиш на луѓето тоа што не сакаш луѓето тебе да ти го прават, така што тоа си е нивна автономна работа, исто како што и гледам и во некои други политички партии. Она кое што мене ме интересира како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е конечно ќе повторам да има предвремени парламентарни избори за да може на Македонија да и тргне напред, да им тргне на граѓаните во Македонија напред и да добијат влада која што ќе ја изберат, а не премиер кој што ќе го постават неколкумина кои што така решиле да биде, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.