Претседателот н ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени на ТВ АЛСАТ М вели дека најпрво е потребно да се одржат избори, а каква ќе биде идната влада зависи од резултатот, но дека тој е за влада со широко македонско национално единство, а не за влада како сега која е потчинета на ДУИ.
Дали ќе има и каква ќе биде идната влада, зависи од резултатот на изборите кои што би биле или предвремени или редовни. Така што најпрво е потребно да се случат тие избори, врз основа на резултатот од тие избори ќе треба да видиме кои, што и со какви параметри располага, па дури потоа да седнеме да разговараме за политики, да видиме дали ние можеме да конвергираме кон исто решение врз основа на тие политики, изјави тој.
Јас сум за влада во која што ќе имаме едно широко македонско национално единство, бидејќи сега сме во влада во која што има сѐ, само нема македонско единство. Имаме премиер кој што нема народен легитимитет и имаме македонска условно кажано политичка партија која што е малцински потчинет партнер односно во заложништво на оние кои што вистински управуваат, дециден е Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека по 20 години на власт, време е ДУИ да оди во опозиција.
ВМРО-ДПМНЕ цени, а и јас тоа го кажувам на настаните кои што ги организираме низ Македонија, под насловот „Ова е Македонија за сите“ дека е редно време после 20 години ДУИ да помине одреден период во опозиција.
На прашањето дали и доколку победи ДУИ кај етнички Албанци треба да се опозиција, претседателот Мицкоски истакна дека според оние бројки кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ од анкетите на граѓаните, тој не е сигурен дека ќе победат
Па јас не сум убеден дека воопшто ќе победат, имајќи ги во предвид бројките со кои што располагаме ние во нашите мерења, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.