И на овие избори излегуваме пред вас со програма и визија, не со празни зборови, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид. На првиот митинг во рамки на кампањата за парламентарните избори Мицкоски ја претстави „Платформата 1198“, за која рече дека е светилник на надежта, сериозна, најдобра изборна програма досега.
„Платформата 1198“ е план кој содржи 1198 проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред.
Во оваа програма се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно. Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно. Намалување на невработеноста до 7,5%. Односно создавање на нови 55 илјади работни места. Ќе ги намалиме даноците.
Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка. Ќе направиме реорганизација на министерствата и институциите и намалување на бројот на функционери членови на управни и надзорни одбори. 800 милиони евра за македонското земјоделство, гарантиран откуп и гарантирана цена за производите, обнова на водоснабдувачките системи. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години, формирање на посебен фонд за врвна наука и конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.