Пред малку кажав целите на организацијата биле- Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. И пред се тоа е завет кој обврзува.
Јас сакам денес да говорам токму за тоа, за акцијата која ние потребна и за планомерноста која мора да ја имаме, рече во говорот Христијан Мицкоски.

Но, најпрво сакам да истакнам дека голем дел од патот кој го минуваме заедно ме потсеќа на патот кој гоминувале и тие. Кога ќе помислам на патот кој го поминавме заедно јас сум полн со благодарност, вашата енергија е инспиративна и јас благодарен на сите кои се со мене и оваа генерација кои со својата храброст и постојаност мотивирате и ме правите да сум понизен во секој чекор, при секоја одлука, свесен дека се што почнува и завршува, а најважна е нашата жртва што сме спремни да ја дадеме пред нашиот народ, без разлика на вера, нација, политичка припадност или политичка неприпадност.

Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник.

Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е буквално иста.

Историјата треба да зближува, а не да разединува-рече Мицкоски.

И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.