-Граѓаните треба да се чувствуваат слободни, комотни, да уживаат во животот, да работат, да се опуштат, доаѓа надеж, доаѓаат поодбри времиња за сите нас, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Ора 24.
Мицкоски во текот на своето интервју се осврсна и соседите каде истакна дека со нив ќе се води една принципиелна политика, политика која ќе се темели на аргументи и факти.
-Што се однесува до соседите ќе водиме една принципиелна политика, политика која што ќе се темели на аргументи, на факти. Подготвени сме да аргументираме наши позиции, подготвени сме да работиме заедно со нашите соседи, да градиме мостови. Ги повикувам нашите соседи на една заедничка работа, на една братска работа затоа што соседот е тој кој што е од Бога даден и ние мора да работиме заедно, не смееме да ги рушиме мостовите. Очекуваме од нашите соседи да го почитуваат и нашиот став бидејќи добрососедските односи се двонасочна улица. Нема да ги гледаат од нас оние политики кои што ги гледаа до сега,тоа беа политики на себе омаловажувања, политики на понизност, политика на коленичење, од друга страна уништување и ограбување на сопствената држава, ниту пак ќе гледаат политика на беспотребно иритирање, беспотребна агресија, преименување на автопати, аеродроми, споменици и така натаму, порача Мицкоски.
На крај Мицкоски порача:
-Ќе гледаат една принципиелна политика, ќе ги штитиме интересите на граѓаните, ќе работиме на реформи, борба против криминалот и корупцијата и економски просперитет, тоа што го сакаат сите граѓани во нашата татковина е токму тоа, економски просперитет, подобра економија и подобар живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.